Веселинка Лаброска, Убавка Гајдова, Светлана Давкова-Ѓоргиева, Гоце Цветановски, Дарко Томовски, Вратничко-полошките говори & духовна ризница, Посебни изданија, главен уредник Веселинка Лаброска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. 74, Скопје 2012

Монографијата Вратничко-полошките говори & духовна ризница претставува прва комплетна  монографија за вратничко-полошките говори, односно за регионот што го опфаќа градот Тетово и околните села. Оваа книга произлезе како резултат на истоимениот проект раководен од д-р Веселинка Лаброска, а финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Во книгата е даден опис на вратничко-полошките говори на сите јазични рамништа: фонетско-фонолошко, морфолошко, синтаксичко и лексичко, а на крајот се дадени оригинални текстови собрани на терен во периодот на 2010 година кога се работеше истоимениот проект.  Оваа монографија има големо значење не само со фактот дека првпат целосно се опишани овие говори како дел од северните македонски говори, ами и со  фактот дека во книгата се забележани изворни текстови со прецизен фонетски запис, што придонесува за зачувување на овие говори од промените на кои се подложени, а истовремено тие претставуват драгоцен придонес во заштитата на фолкорното и културното духовно наследство на македонскиот народ.

 

 

 

За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225