Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“

Печати
Меѓународна научна конференција  „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“Скопје, 15 и 16 ноември 2017 година
 Logo_IMJ0 УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ЈНУ ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
„КРСТЕ МИСИРКОВ“ – СКОПЈЕ
ул. „Григор Прличев“, бр. 5, 1000 Скопје, Р Македонија
Централа: +389 2 3114 733 телефон/факс.: +389 2 3 222 225
Eлектронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Веб-страница: www.imj.ukim.edu.mk
Logo_IMJ_1 

Меѓународна научна конференција
(Скопје, 15 − 16 ноември 2017 г.)

1. Тема:
„МИНАТОТО НА ЈАЗИЧНИОТ СВЕТ – ДЕНЕС И УТРЕ“

2. Датум на одржување:
15 и 16 ноември 2017 година

3. Место на одржување:
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
ул. „Григор Прличев“, бр. 5, 1000 Скопје, Р Македонија

 

4. Цел:
Целта на оваа Меѓународна конференција е продолжување и поттикнување на научните истражувања за македонскиот јазик, за македонскиот јазик и за другите словенски и несловенски јазици, за заемните врски меѓу јазикот и културата воопшто, врамени во просторот и во времето, како координати на современите научни истражувања.

5. Важни датуми:
Календар
Краен рок за доставување на пријавите            15.IX 2017 г.
Известување за прифаќање на рефератот                            30.IX 2017г.
Испраќање на прелиминарна програма                     1.XI 2017 г.
Одржување на Конференцијата                                          15. – 16.XI 2017 г.

6. Пријавување за Конференцијата:
Пријавувањето се врши со пополнување и со испраќање на Пријавата за учество (што ја доставуваме во прилог) на следната електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
(Ве молиме да го именувате документот со Вашето презиме и име, како на пример: Prezime_Ime.docx/Prezime_Ime.doc).

7. Работни јазици:
– македонски јазик
– сите словенски јазици
– англиски јазик


8. Излагања на рефератите:
– 10 минути
(Дискусиите се предвидени на крајот од сесиите.)

9. Апстракти и реферати
Апстрактите (до 250 зборови и најмногу 5 клучни збора) ќе бидат приложени во работните материјали.
Рефератите (до 16 страници) од Конференцијата ќе се испечатат во посебен зборник. (Упатството за печатење видете го на крајот од документов). Трудовите ќе бидат рецензирани.

10. Котизација и трошоци за сместување и за пат:
Предвидена е котизација за учество (од 25 евра), која ќе се плаќа при регистрација на учесниците. Трошоците за превоз и за сместување се на товар на учесниците на Конференцијата. (Средствата од котизацијата ќе послужат за: материјали, Прилог со апстракти и освежување на паузите.)


Меѓународен организациски одбор

д-р Елена Јованова-Грујовска, н. сов./ред. проф. (директор на Институтот)

д-р Лидија Тантуровска, н. сов./ред. проф. (претседател на Одборот)
д-р Катица Трајкова, н. сов./ред. проф. (секретар)
д-р Мери Цубалевска, н. сов./ред. проф.
д-р Веселинка Лаброска, н. сов./ред. проф.
д-р Мери Јосифовска, в. н. сор./вонр. проф.
д-р Снежана Петрова-Џамбазова, н. сор./доц.

акад. Јан Соколовски (Вроцлав)
проф. д-р Даринка Гортан-Премк (Белград)
проф. д-р Иво Прањковиќ (Загреб)
проф. д-р Бранко Тошовиќ (Грац)
проф. д-р Вера Смоле (Љубљана)
канд. д-р Наталија Бороникова (Санкт Петербург)
доц. д-р Станислав Станковиќ (Косовска Митровица)
д-р Борјана Прошев-Оливер (Загреб)


Почесни членови на Меѓународниот организациски одбор

д-р Трајко Стаматоски, н. сов.
д-р Марија Коробар-Белчева, н. сов.
д-р Мито Аргировски, н. сов.
д-р Љубица Станковска, н. сов.
д-р Димка Митева, н. сов.
д-р Стоја Поп-Атанасова, н. сов.



Забелешка:
За сите дополнителни информации контактирајте со д-р Катица Трајкова, н. сов./ред. проф., секретар на Конференцијата, на истата електронска адреса ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) или посетете ја веб-страницата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (www.imj.ukim.edu.mk).

 

 

За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225