Крсте Мисирков

Печати
Krste-MisirkovКрсте Петков Мисирков (18 ноември 1874 – 26 јули 1926) бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.
 

За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Виртуелна галерија

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225