Krste-Misirkov

д-р Веселинка Лаброска


Датум и место на раѓање: 8. 9. 1966, Битола

Интернет адреса:

labroska@freemail.com.mk

labroska@imj.ukim.edu.mk

Научно звање:

научен советник

Потесна област:

дијалектологија, синтакса, фонетика и фонологија, општа лингвистика


Од д-р Веселинка Лаброска, научен советник/редовен професор во Одделението за дијалектологија на македонскиот јазик при ИМЈ „Крсте Мисирков“ Скопје.

 

            Веселинка Лаброска е родена на 8.9.1966 година во Битола. Основно и средно образование завршила во Кичево со одличен успех. На Филолошкиот факултет во Скопје се запишала во учебната 1985 година на групата македонски јазик со француски јазик како втор главен предмет. Студиите ги завршила во 1989 година со просечен успех 9,18. Во 1990 година се запишала на постдипломски студии по македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Испитите предвидени со Програмата ги положила со просечен успех 10 и се здобила со познавање од романскиот јазик. Во 1998 година Веселинка Лаброска ја одбранила магистерската работа на тема Говорот на село Кула – Серско изработена под менторство на проф. д-р Коста Пеев. Докторската дисертација Кичевскиот говор, изработена под менторство на акад. Зузана Тополињска, Лаброска ја одбранила на 16 јануари 2006 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Од 1990 година Веселинка Лаброска е вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, до 1998 година како помлад асистент, потоа како асистент-истражувач, од март 2006 година како научен соработник, а од 1.11. 2012 година како научен советник. Таа е вклучена во работата на два проекти во Одделението за дијалектологија: „Македонски дијалектен атлас“ (под раководство на д-р Васил Дрвошанов) и „Македонските дијалекти надвор од границите на Република Македонија“ (под раководство на д-р Гоце Цветановски). Во рамките на Проектите Лаброска ги извршува следниве задачи: врши теренски испитувања, прави ексцерпција на дијалектниот материјал, изработува карти, легенди и индекси, работи врз сумирање на резултатите од истражувањата во вид на одделни прилози и колективни монографии. На проектот „Македонски дијалектен атлас“  Лаброска е еден од авторите и член на редакција на воведниот том Македонски дијалектен атлас, Пролегомена, кој излезе од печат во 2008 година под раководство на д-р Убавка Гајдова, а на проектот „Македонските дијалекти надвор од границите на Република Македонија“ таа е коавтор и исто така член на редакција на монографијата Банскиот говор, која излезе од печат во 2014 година под раководство на д-р Гоце Цветановски. Во рамките на активностите во Одделението за дијалектологија, Лаброска е член на редакцијата на македонскиот превод на книгата Голо Брдо од група автори од Русија, а под редакција на Андреј Соболев и на Александар Новик, која на македонски ќе излезе од печат до крајот на годинава, со координација на главниот уредник д-р Васил Дрвошанов. 

Во текот на 2010 година В. Лаброска е раководител на проект Вратничко-полошките говори - духовна ризница, кој се работеше во рамките на годишната програма за 2010 год. на Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура. Како резултат на овој проект во декември 2012 излезе од печат книга со ист наслов со комплетен лингвистички опис на вратничко-полошкиот говор во која Лаброска е главен редактор и коавтор заедно со другите соработници од проектот (д-р Убавка Гајдова, д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, д-р Гоце Цветановски и Дарко Томовски). Книгата Вратничко-полошките говори - духовна ризница дава опис на говорите на Тетово и Тетовско, т.е. вратничко-полошките говори, според класификацијата на Божидар Видоески, и тоа врз база на нов теренски материјал, собран и внесен од страна на Дарко Томовски, а потоа лингвистички обработен од страна на сите соработници на проектот.

            Во текот на 2013 година Веселинка Лаброска е главен истражувач од македонска страна на билатералниот проект со Словенија Фонетско-фонолошките особености во македонскиот и во словенечкиот јазик, заедно со д-р Хотимир Тивадар, фонетичар и фонолог од Филозофскиот факултет во Љубљана, како главен истражувач од словенечка страна.

            За потребите на своето стручно усовршување В. Лаброска има учествувано на курсот по лингвистика Матезиус во Прага, Република Чешка, во 1999 година, како и на семинарот за лужичко-српски јазик во Будишин, СР Германија, во 2002 година. Веќе тринаесет години В. Лаброска активно учествува и во работата на Комисијата за фонетика и фонологија на словенските јазици при Меѓународниот славистички факултет како претставник од Македонија. Во рамките на таа комисија таа зеде учество со свој труд „Санди во македонските дијалекти“ во рамките на проектот „Санди во словенските јазици“ чијшто прв том веќе е објавен во Торуњ (види библиографија) под раководство на проф. д-р Ирена Савицка, претседателка на Комисијата за фонетика и фонологија на словенските јазици при Меѓународниот славистички факултет.

            Во поглед на ангажмани на полето на лексикографијата, Веселинка Лаброска заедно со Лидија Тантуровска, се јавува како рецензент од македонска страна на големиот Хрватско-македонски речник, изработен од Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев-Оливер, а објавен во Загреб во 2015 година и како еден од авторите на Албанско -македонски и македонско-албански речник (објавен 2016 година во Скопје).

Во Институтот за македонски јазик Веселинка Лаброска во два наврати била претседател на Советот, три пати член на Советот, а неколку пати вршител на должност директор на Институтот (вкупно 3 и пол години), еден мандат претседател на Лингвистичкиот кружок на Институтот, член на разни комисии (комисии за јавни набавки, пописни комисии и др.) и сл. Лаброска е координатор за организацијата и акредитацијата на докторските студии по Македонистика од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а кои се организираат како заеднички студии во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заедно со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и со Институтот за македонска литература. Од 2016 година В. Лаброска е член на Советот на Институтот и член на Комисијата за втор циклус студии – двегодишни студии.

            Веселинка Лаброска активно учествува во работата на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ каде што се работи на проект Географска и функционална карактеристика на морфосинтаксички балканизми. Како резултат на работата на овој проект таа е дел од авторскиот тим во две отпечатени монографии. Исто така, В. Лаброска е координатор и уредник од македонска страна во Зборникот од билатералниот проект меѓу МАНУ и САНУ со наслов Јазикот како запис на културата во етнолошка и во лингвистичка анализа на релација Србија – Македонија. Веселинка Лаброска заедно со Виолета Николовска е учесник од македонска страна и во меѓународен проект со наслов EUROJOS (носители се колеги од Варшава, Полска), во којшто учествуваат лингвисти од дваесетина европски земји.

Веселинка Лаброска е ангажирана и како професор на Државниот универзитет во Тетово, Филолошки факултет, каде што ги предава предметите Синтакса на современиот македонски јазик, Семантика и Ономастика, а повеќе години беше носител и на предметот Општа лингвистика на првиот циклус студии и на предметите Синтакса и контрастивни синтаксички проучувања и Општа лингвистика на вториот циклус студии.

Во рамките на студиите од втор циклус Македонистика со комуникологија кои се акредитирани во Институтот за македонски јазик, Лаброска предава Фонетика и фонологија во рамките на задолжителниот предмет Македонски јазичен систем - синхрoнија и дијахронија, а се јавува и како предметен наставник на неколку изборни предмети.

Во рамките на наставната активност и активностите во областа на дијалектологијата во ИМЈ „Крсте Мисирков“, В. Лаброска се јавува како ментор  или како член на комисија на повеќе кандидати: Душко Деспотовски, Влатко Симјановски (кои веќе ги одбраниле своите магистерски теми во 2014 година), потоа Даниела Такева и Гордана Ацевска (одбранети во текот на 2015 година), на кандидатката Доца Цветковска (одбранета во 2016 година) и Мирјана Велјановска (тековна активност), како и на две докторантки на потпрограмата на ИМЈ во рамките на програмата „Македонистика“ при УКИМ: Блага Панева и Дијана Петровска.

Во периодот од 2008 до 2016 година  (два мандати) В. Лаброска е член на Советот за македонски јазик кој работи како владино тело во рамките на Министерството за култура на РМ и член на Државниот матурски одбор (три мандати), а во периодот од 2010 до 2014 година е член и на Државната комисија за учебници. Еден мандат (2015-2016 год.) Лаброска е член и на Комисијата за доделување на наградата „Гоце Делчев“

Веселинка Лаброска досега учествувала на повеќе научни собири во земјата и во странство како и на два меѓународни славистички конгреси (XIV  кој се одржа од 10 до 16 септември 2008 година во Охрид и XV кој се одржа од 20 до 27 август 2013 година во Минск, Република Белорусија). Со свои излагања има настапувано и на програми што третираат јазични теми на радиото и на телевизијата, не само во Македонија, туку и во Србија и во Словенија.

В. Лаброска се јавува како член на неколку рецензентски комисии за избор во звања, член на организацискиот одбор на меѓународната научна конференција „За македонските работи“ што се одржа во Институтот на 25 - 26 јуни 2012 година под покровителство на тогашниот министер за образование и наука Панче Кралев, како и член на организацискиот одбор на меѓународната научна конференција Минатото на јазичниот свет –  денес и утре, одржана на 15- 16 ноември 2017 година.

            Веселинка Лаброска има објавено две монографии како самостоен автор: Говорот на селото Кула - Серско, ИМЈ "Крсте Мисирков", посебни изданија, кн. 38, Скопје 2003 и Кичевскиот говор, ИМЈ "Крсте Мисирков", посебни изданија, кн. 50, Скопје 2008, а коавтор е во седум монографии: Македонски дијалектен атлас - Пролегомена,); Сегашноста како лингвистички поим - Граматички средства за изразување на сегашноста во балканските  и во словенските јазици  (во издание на ИЦАЛ - МАНУ, а рецензирана од акад. Виктор Фридман и проф. д-р Предраг Пипер) Скопје 2010; Перифрастични конструкции со „esse“ и „habere“ во словенските и во балканските јазици, (во издание на ИЦАЛ - МАНУ, а рецензирана од акад. Виктор Фридман и проф. д-р Предраг Пипер), Скопје 2011, с. 19-28; Вратничко-полошките говори – духовна ризница, посебни изданија кн.74, ИМЈ „Крсте Мисирков“, Скопје, 2012, главен редактор и автор на валенција, именска група и сложена реченица; Sandhi w językach słowiańskich, меѓународен проект каде што е автор на прилогот Санди во македонските дијалекти (Торуњ, Полска 2013), Банскиот говор како коавтор, а под раководство на главниот редактор Гоце Цветановски; и коавтор на речникот Македонско-албански речник; Албанско-македонски речник, со две кратки граматики, Скопје 2017, (коавторство со Бертон Сулејмани, Хаки Имери и Петар Атанасов). Веселинка Лаброска е автор и на осумдесетина статии од областа на македонистиката, славистиката и балканистиката во различни списанија во земјата и во странство: Македонски јазик, Литературен збор, Studia lingvistika Polono-Meridiano-slavica, Wyraz i zdanie w językach słowiańskich, Phonetica Pragensia, Филолошки студии, Slavistična revija, Folia philologica macedono-polonica, Rocynik slawistyczny,  Albanologjia, International Journal of Albanology и др.

            Во четиригодишен период од 2010 до 2013 В. Лаброска е главен редактор на списанието Македонски јазик.

            Освен со научна дејност В. Лаброска активно се занимава и со преводи на книги од областа на лингвистиката: ја има преведено од српски јазик книгата на Харалампие Поленаковиќ Турските елементи во ароманскиот во издание на МАНУ, 2007 година и книгата на Ирена Савицка (превод од полски јазик) Фонетските проблеми во ареалната лингвистика (врз основа на јазичната ситуација  во Југоисточна Европа) која се објави како издание на МАНУ во 2014 година.

 

             

 

 

Поважни научни трудови

 

Монографии

 

1.Говорот на селото Кула, Серско, ИМЈ "Крсте Мисирков", посебни изданија, кн. 38, Скопје 2003.

2. Кичевскиот говор, ИМЈ "Крсте Мисирков", посебни изданија, кн. 50, Скопје 2008.

3. Македонски дијалектен атлас - Пролегомена, ИМЈ "Крсте Мисирков", Скопје 2008 (коавтор).

4. Сегашноста како лингвистички поим - Граматички средства за изразување на сегашноста во балканските  и во словенските јазици (рецензенти: акад. Виктор Фридман и проф. д-р Предраг Пипер), ИЦАЛ - МАНУ, Скопје 2010,   (коавтор). 

5. Перифрастични конструкции со ‘esse’ и ‘habere’ во словенските и во балканските јазици, МАНУ, Скопје 2011, 19‒28, (коавтор).

6. Вратничко-полошките говори – духовна ризница, посебни изданија кн.74,  ИМЈ „Крсте Мисирков“, 2012 (главен редактор и дел од авторите).

7. Санди во македонските дијалекти, Sanhi w językach słowiańskich, Widawnictwo naukove Uniwersytetu Mikołaja Kopernika, Toruń 2013, 377-394 (колективна монографија).

8. Банскиот говор, посебни изданија кн. 78, ИМЈ „Крсте Мисирков“, 2014.(коавторство со: главен редактор Гоце Цветановски, Убавка Гајдова, Светлана Давкова-Ѓоргиева, Еленка Стоевска-Денчова, Јованка Денкова ).

9. Македонско-албански речник; Албанско-македонски речник, Скопје 2017, (коавторство со Бертон Сулејмани, Хаки Имери и Петар Атанасов).

 

 

Статии

1. Употребата на збирната и избројаната множина во мак. дијалектен јазик, Во: Придонесот на Блаже Конески за македонската култура, Скопје 1999, 125-129.
2. Ареалите на членската морфема кај именките од машки род еднина што завршуваат на консонант (според картотеката на МДА), Во: XXVI научна дискусија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје 2000, 203-215 (коавторство).
3. Од лексиката на кичевскиот говор, Во: Македонската лексикологија и лексикографија, Јазикот наш денешен кн. 6, Скопје 2001, 193-199.
4. Градскиот кичевски говор (генерациски разлики), Во: Македонски социолингвистички и филолошки теми, Совет за македонски јазик на Република Македонија, Скопје 2002, 137-144.
5. Перфектот во кичевскиот и битолскиот говор (форми и функции) Во: Славистички студии, Филолошки факултет "Блаже Конески", Скопје 2002, 219-228.
6. Од падежниот систем на македонскиот кичевски говор, Во: Wyraz i zdanie w językach słowiańskich 4, Opis, konfrontacja, przekład, Wrocław 2004, 151-158.
7. Употреба на имперфект и аорист во српскиот јазик (паралели со македонскиот јазик), Во: Studia linguistica Polono-Meridiano-slavica, tom 11, Poznań 2003, 75-82.
8. Од глаголскиот систем во кичевскиот говор (аористот и категоријата вид) Во: Ареална лингвистика, теории и методи, Материјали од научната конференција по повод петгодишнината од смртта на Божидар Видоески, МАНУ, Скопје 2005, 129-138.

9. Македонското за и полските еквиваленти во функција на трансформи, Folia philologica Macedono – Polonica, tom 7, Dalecy i bliscy, Materiały VII kolokwium polsko – macedońskiego, Widawnictwo naukowe, Poznań 2006, 39-51 (коавторство со Убавка Гајдова).

10. Перспективи на експерименталните истражувања на фонолошките системи на македонскиот стандарден и дијалектен јазик, Kapitoly z fonetiky a fonologie slovanských jazyků, Univerzita Karlova v Praze, Filozofická fakulta, 2006,  205-210.

11. Искажување на сегашноста во балканските јазици, Научен собир Класика, балканистика, палеославистика, одржан во чест на осумдесет и пет годишнината на акад. Петар Илиевски, МАНУ, Скопје 2007, 337-353, (коавторство со Убавка Гајдова).

12. Кичевскиот говор, Македонски јазик, МЈ LVII, Скопје 2007, 137-145.

13. Некои согледувања од теренското истражување во регионот на Корча, Република Албанија, Македонски јазик, MJLVII, Скопје 2007, 211-215.

14. Изразување на сегашноста во српскиот јазик, ИЦАЛ - МАНУ, Скопје 2010 и во електронска форма како дел од Проектот на ИЦАЛ (МАНУ); www.manu.edu.mk/cal/CAL/007_Seg_Srpski.pdf

15. Секундарни средства за изразување сегашност – транспозиции – состојбата во балканските и во словенските јазици; (коавторство) ИЦАЛ - МАНУ, Скопје 2010, и во електронска форма како дел од Проектот на ИЦАЛ;  www.manu.edu.mk/cal/CAL/017_Seg_Sinteza_2_Transpozicii.pdf

16. Трансакцентација кај дел од клитичките изрази во македонскиот стандарден изговор (според примери од електронските медиуми), Phonetica Pragensia XI, Praha 2007, 43-48.

17. О консонантной системе говора села Кула (обл. Серреса) (Перевод Н. Боронниковой), Россия и Македония от прошлого к будущему, К 100-летию журнала "Вардар", Москва 2008, 156-167.

18. За глаголската именка во кичевскиот говор (механизми на номинализација), Научен собир "Македонскиот јазик, минато, сегашност, иднина", реферати од научниот собир по повод 50-годишнината од основањето на Институтот, ИМЈ "Крсте Мисирков", Скопје 2008, 241-246.

 19. Категоријата дистанца во македонскиот, во бугарскиот и во српскиот јазик (граматички и лексички показатели), Реферати на македонските слависти за XIV-тот меѓународен славистички конгрес во Охрид, МАНУ, Скопје 2008, 79-93 (коавторство со д-р Убавка Гајдова).

20. За особеностите на лексичкиот состав во кичевскиот говор, Studia lingustica Polono-Meridiano-slavica, 12-13, MANU, Skopje 2008, 25-37.

21.Од фонолошките проблеми на македонскиот кичевски говор (за слоготворните ñ и ð  во кичевскиот говор), Acta universitatis Nicolai Copernici, Studia slavistica, XI, Toruń 2008, 63-67.

22.Особености на објектот (директен, индиректен и предлошки) во селото Кула- Серско, „Кон истражувањата на македонските говори во Егејска Македонија (по повод 60-годишнината од прогонот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија)“, ИМЈ „Крсте Мисирков“, Скопје 2008, 133-137.

23. Од морфосинтаксичките особености на западното македонско наречје, Македонско-северноамериканска конференција за македонистика, Охрид 11 - 13 VIII 2006, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2008, 69-76.

24. Структурата на основната реченична конструкција во македонскиот стандарден јазик, предавања на XLI Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 11-28 VIII  2008, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2009, 97-104.

25. Од фонотактиката на македонскиот јазик, Филолошки студии (www. philologicalstudies.org), том 2, Пермь-Скопье-Любляна-Загреб 2009, 199-204.

26. Народните називи на месеците во македонските дијалекти и  споредба со народните називи во словенечкиот јазик, Зборник на трудови од Третата македонско-словенечка научна конференција (Охрид, 2007) Скопје, 2009, 119-132.

27. Отстапки од третосложното акцентирање во македонскиот јазик (нови тенденции во говорната практика на македонските електронски медиуми), Зборник во чест на осумдесетгодишнината на проф. Кирил Конески, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2009, стр.97-102.

28. Начини на изразување на адмиративот во западното македонско наречје, Меѓународен македонистички собир, Охрид 29-31 август 2008, Филолошки факултет, „Блаже Конески“, Скопје 2010, 183-188.           

29. За евиденцијалноста во македонскиот јазик, Македонски јазик, LXI, Скопје 2010, 53-58 (коавторство со Убавка Гајдова).

30. Искажување на акузативот во дијалектите на македонскиот јазик, Зборник со реферати од лингвистичката екција на XXXVI научна конференција на XLII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, јули, Охрид 2009, Скопје 2010, с. 221-232. (коавторство со Убавка Гајдова).

31. За некои лексички маркери што искажуваат инференцијална евиденцијалност во македонскиот и во полскиот јазик, Folia philologica macedono-polonica, том 8, Скопје 2011, стр. 533-542. (коавторство со Убавка Гајдова).

32. Фонемата /в/ во санди во долнополошките говори, МЈ, Скопје 2011, 87-94. (коавторство со Дарко Томовски).

33. Употребата на партикулата да со фактивно и со нефактивно значење, балкански паралели, Зборник со реферати од лингвистичката секција на XXXVII научна конференција на XLIII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, јули, Охрид 2010, Скопје 2011, 179-186.

34. Expression du présent dans les langues balkaniques, Actes, L'homme et son environnement dans le Sud-Est européen, Xe Congès de l'Association internationale du Sud-Est européen, Éditions de l'association Pierre Belon, Paris 2011, 464-472.

35.  Архаизми в юго-восточных македонских диалектах: крайние южные границы славянского языкового пространства, Славянский альманах 2010, Издательство, „Индрик“, Москва 2011, стр. 386-393.

36. О неким специфичностима употребе прошлих времена у српском и македонском језику, Српска књижевност и језик у јужнословенском контексту (зборник радова пројекта, уредио Михајло Пантић), Чигоја штампа, Београд 2011, 156-175. (коавторство со Убавка Гајдова).

37. Изразување на дативот во македонските дијалекти, Во: Прилози XXXVI 1-2, МАНУ, посветени на акад. Зузана Тополињска по повод нејзината 80-годишнина, Скопје, 2011: 163 – 178, (коавторство со Убавка Гајдова).

38. Блаже Конески за акцентот во македонскиот литературен јазик и односот меѓу дескрипцијата и имплементацијата на правоговорот, Во: Меѓународен научен симпозиум Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура, (15 и 16 декември 2011 г.) УКИМ, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2012: 121-127.

39. Именските синтагми со неидентификуван референт во западното македонско наречје, семантика и форми, Зборник со реферати од лингвистичката секција на XXXVIII научна конференција на XLIV меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, јули, Охрид 2011, Скопје 2012, с.65-76. (коавторство со Зоран Радически).

40. Говорот на Битола - градот на конзулите, центар на јазични влијанија, Битола тема за уметничко и културно творештво на автори од РМ и од РС, Битола, Зборник 2012, 53-58.

41. Balkan influence on the Development of Admirative in the Western Macedonian Dialects, Poznać Bałkany, historia-polityka-kultura-języki, Toruń 2012, 217-222.

42. Моделирање на интонациската структура на македонскиот јазик на ниво на интонациски фрази, Slavistična revija, št.4, Ljubljana 2012, 639-658 (коавторство со Бранислав Геразов и Зоран Ивановски).

43 . За лексичките маркери за евиденцијалност во текстовите на Блаже Конески (според материјалите достапни во корпусот Гралис), Во: Поетиката, стилистиката и лингвистиката на текстовите од Блаже Конески во корпусот Гралис, Poetic, stilistic und linguistic der texte von Blaze Koneski im „GRALIS-KORPUS“, Скопје – Graz 2013, 95-103.

44. Санди во југоисточното македонско наречје, Aktualna uprašanja slovenske fonetike (Hotimir Tivadar ur.), Ljubljana 2013, 73-81.

45. Моделирање на интонациската структура на македонскиот јазик на ниво на интонациски фрази – I етапа, Aktualna uprašanja slovenske fonetike (Hotimir Tivadar ur.), Ljubljana 2013,135-145(коавторство со Бранислав Геразов и Зоран Ивановски).

46. Од фонетско-фонолошките особености во македонскиот и во словенечкиот јазик, Реферати на македонските слависти за XV-тот меѓународен славистички конгрес во Минск, Контекст 10, Скопје 2012, 81-94.

39. Санди во македонските дијалекти, Sandhi w językach słowiańskich (pod redacją Anny Cychnerskiej, Toruń 2013, 377-393.

47. Македонските заемки во албанскиот јазик – споредба со материјалите од Франц Миклошич, Во: Miklošičeva monografija, Ob dvestaletnici Franca Miklošiča (uredil Marko Jesenšek), Ljutomer 2013, 159-167.

48. Меѓујазичното влијание на македонскиот говор и албанскиот гегиски говор во Тетово на лексичко рамниште, Во: МЈ LXIV, 2013, 105-115 (коавторство со Бертон Сулејмани, Марина Даниловска, Марина Спасовска).

49. За некои лексички (не)соодветства во хрватскиот и во македонскиот јазик (коавторство со Лидија Тантуровска), Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски (зборник на трудови), Скопје 2014, 263-270.

50. Изразување на семантичката категорија адмиратив во албанскиот и во македонскиот јазик, Albanologjia, International Journal of Albanology 1-2/2014, vol.1., Universiteti Shetëtor  i Tetovës, Tetova 2014, 219-222.

51. Veselinka Labroska, Blaga Paneva, „Pronunciation and pholological value of the sonds /Ќ/ and /Ѓ/ in the contemporary Macedonian language“, Speech and Language 2015, 5th International Conference on Fundamental and Applied Aspects of Speech and Language, Belgrade, 50-55. http://www.iefpg.org.rs/Conference/2015/SL2015/2015_PROCEEDINGS_SPEECH_AND_LANGUAGE_2015.pdf

52. Преглед на лексиката на овчеполскиот дијалект и на словенечкогоришкиот (горичански) дијалект според потеклото, Годишен зборник 2015, година 6,  Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип, 48-52, (коавторство со Македонка Додевска).

53. За српско-македонската јазична интерференција на морфосинтаксичко рамниште кај Македонците во Јужен Банат, „Путевима српских идиома“, Зборник во чест на Радивоје Младеновиќ по повод 65 роденден, Крагујевац, 2015, 241-253. (коавторство со Станислав Станковиќ).

54. Согледувања за етимолошкиот речник на македонскиот јазик (врз примери од лексичкиот материјал од Македонскиот дијалектен атлас) Зборник од конференцијата „Денови на Благоја Корубин“ одржана од 28.2. до 2.3. 2014 година на Пелистер, Битола, Скопје 2016, 131-138.

55. За македонските дијалектни изолати во јужен Банат, историја и фонетски карактеристики, Српско-македонски културни врски: Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија, (зборник на трудови од меѓународен научен симпозиум) Битола, 2016, 23-34 (коавторство со Станислав Станковиќ).

56. Македонско-полски паралели во фразеологијата, Гласник, Институт за национална историја, година 60, бр, 2, Скопје 2016, 107-116 (коавторство со Лилјана Гушевска).

57. Фразеологијата како одраз на светогледот на словенските народи, Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски II, Институт за македонска литература, Скопје, 2016, 64-69 (коавторство со Лилјана Гушевска).

58. Адаптација во изговорот на консонантските групи во македонскиот дијалектен јазик Македонски јазик, LXVIII, 2016.

59. За некои морфосинтаксички промени во вратничко-полошките говори, Дијалекти српскога језика, истраживања, настава, књижевност 1, Зборник радова с меѓународног скупа одржаног 11. и 12. априла 2014. године у Лесковцу, Лесковац – Врање 2016, 313-318.

60. Лексичка интерференција кај Македонците во јужен Банат (Република Србија), Зборник од научната конференција Денови на Благоја Корубин Јазичната слика на светот (23-24 април 2015, Скопје) Скопје 2016, 210-218. (коавторство со Станислав Станковиќ).

61. Специфики во изразувањето на негацијата во кичевскиот говор, споредба со другите западномакедонски говори, Зборник од научната конференција Денови на Благоја Корубин Јазикот наш денешен - јазикот наш насушен (14-15 април 2016, Скопје) Скопје 2016, 247-254.

62. Функционалната стојност на глајдот /ј/ во современиот македонски јазик (коавторство со Катица Трајкова), Методски и методолошки истражувања на фонетскиот и фонолошкиот систем на словенските јазици, (зборник од научна конференција одржан во 2014) Кошице, Република Словачка (во печат).

63. Лексиката со субјективна оценка кај македонските родени говорители во јужен Банат, Зборник на реферати од јазична работилница на проектот Именките со субјективна оценка во македонскиот јазик од проф. д-р Елена Јованова-Грујовска (коавторство со Станислав Станковиќ) (во печат).

64. Анализа на моделите на адаптација на фонемата /V/ во современиот македонски говорен јазик (коавторство со Бранислав Геразов), Rocznik slavisticzhny, Wroclaw, Polska 2017 (во печат).

65..Делото на Крсте Мисирков преку перото на Блаже Ристовски, Меѓународна научна конференција Мисирков – предизвик за нови проучувања во науката, Струмица, 2-3 ноември 2016 година (во печат).

66. Лексемите вистина и лага во македонските дијалекти, Денови на Благоја Корубин На почетокот беше зборот (9-10 мај 2017, Струга) Струга 2017 (во печат).

67. За неколку лексеми од областа на ткаењето во македонскиот и во полскиот јазик −лексичко-семантичка анализа, Mеѓународeн славистички собир, Филолошки факултет „Блаже Конески“ (15-16 јуни 2017), Скопје. (во печат).

68. Сврзувачките средства во македонските лекарственици од XIX век, XLIV меѓународна научна конференцијa на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 17-18 јуни 2017  (коавторство со Лилјана Гушевска) (во печат).

 

 

Прикази и хроники

 

Les études balkaniques tchèques X, Univerzita Karlova, Prague,1999 (Зборник на реферати од чешко-македонската научна конференција, одржана во рамките на одбележувањето на 650-годишнината од формирањето на Карловиот универзитет во Прага на катедрата за славистика на Филозофскиот факултет, 1-4 јуни 1998), МЈ, Скопје, 2001,  255-260. (приказ)

             Говорите на македонскиот јазик низ призмата на фонологијата (Божидар Видоески: Фонолошките бази на говорите на македонскиот јазик, МАНУ, Скопје, 2000, 321) Литературен збор, 1-2, Скопје, 2002, 135-137. (приказ)

             Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, "Детска радост" Скопје, 2001, МЈ, Скопје 2002, 149-152.(приказ)

             За глаголските времиња, нивните форми и функции, со нов и свеж научен пристап (Убавка Гајдова: Темпоралната карактеристика на финитните глаголски конструкции во југоисточните македонски говори, Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" , Скопје, 2002), Велес, Друштво за наука и уметност Велес, год. VII, бр. 7, Велес 2003, 127-129. (приказ)

             XX заседание на Меѓународната комисија за фонетика и фонологија на словенските јазици при Меѓународниот комитет на слависти, МЈ, LIV – LV, Скопје 2004, 283-286. (хроника)

            XVI заседание на Комисијата за фонетика и фонологија на словенските јазици при Меѓународниот славистички комитет и Работна научна конференција. Литературен збор, 4-6, Скопје 2005, 159-161. (хроника) 

            Светлана Давкова - Ѓоргиева, Лексиката на говорот на селото Чифлиxик - Демирхисарско (со краток граматички опис) (Институт за македонски јазик "Крсте Мисирков" - Скопје, 2004). МЈ, LVI , Скопје 2006, 273-277. (приказ) 

            Кон осумдесетгодишнината на академик Зузана Тополињска МЈ, Скопје 2011, 7-10. (повод).

            Anna Korytowska, Sandhi w standardzie języka macedońskiego, Rocznik slavisticzhny, Wroclaw, Polska 2014, 174-176. (приказ)

            Ирена Савицка, Фонетските проблеми во ареалната лингвистика (врз основа на јазичната ситуација во Југоисточна Европа) Rocznik slavisticzhny, Wroclaw, Polska 2014, 177-181. (приказ)

Ирена Савицка, Фонетските проблеми во ареалната лингвистика (врз основа на јазичната ситуација во југоисточна Европа) Македонски јазик  LXV, 2014, 391-395.

 

           

           

                                    Учество на научни конференции и собири

                                                           

            Од морфосинтаксичките особености на западното македонско наречје, Македонско-северноамериканска конференција за македонистика, 11 - 13 VIII 2006 Охрид.

            Народните називи на месеците во македонските дијалекти – споредба со народните називи во словенечкиот јазик, Македонско-словенечка конференција, 12-15 септември 2007 Охрид.

            Структурата на основната реченична конструкција во македонскиот стандарден јазик, предавања на XLI Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 11-28 VIII  2008.  

            Начини на изразување на адмиративот во западното македонско наречје, Македонистички собир, 1-2 септември 2008 год. Охрид.

            Категоријата дистанца во македонскиот, во бугарскиот и во српскиот јазик (граматички и лексички показатели), XIV меѓународен славистички конгрес во Охрид, 12-16 септември 2008.  (коавторство со Убавка Гајдова).

            Од фонотактиката на македонскиот јазик, учество на Заседанието на Комисијата за фонетика и фонологија при Меѓународниот славистички комитет, февруари 2009, Торуњ, Р Полска. 

            Евиденцијалните маркери во македонскиот јазик, учество на Vorkshop: Database of evidential markers in European languages, Мајнц, Германија, 16-18 април 2009.

            Искажување на акузативот во дијалектите на македонскиот јазик (коавторство со У. Гајдова), Научна дискусија, Семинар за македонски јазик, литература и култура,  август, 2009 Охрид.

            Means of Coding Present Events in Balkan Languages, (with Ubavka Gajdova), Xe Congrès International de L'AIESEE, Paris (les 23-27 septembre 2009).

            Споредба на евиденцијалните показатели за инференцијалност во македонскиот и во полскиот јазик (коавторство со У. Гајдова), Македонско-полска научна конфереција, 23-24 октомври 2009, Скопје.

            За евиденцијалноста во македонскиот јазик, коавторство со У. Гајдова, Научен собир во ИМЈ, 26 2. 2010.

            Употребата на партикулата да со фактивно и со нефактивно значење, балкански паралели, Научна дискусија, Семинар за македонски јазик, литература и култура,  јули, 2010 Охрид.

            Фонемата /в/ во санди во долнополошките говори, Меѓународна конференција организирана од Комисијата за фонологија и фонетика при Меѓународниот комитет на славистите, 25-26 октомври, Скопје 2010, (коавторство со Дарко Томовски).

            Условниот период во македонскиот и во српскиот јазик, Wyraz i zdanje v jęzikach slowiańskich, Вроцлав, Полска, 26-28 ноември 2010.

            Балканското влијание во развојот на адмиративот во западното македонско наречје, Блаканолошка конференција, Торуњ, 2-3 декември 2010.

            Перспективите на фонетските истражувања, фонетска лабораторија, Науката за македонскиот јазик, состојби и перспективи, 18 и 19 април 2011, МАНУ, Скопје. Пленарно предавање.

            Од особеностите на македонските дијалекти, Предавања на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, јуни 2011.

            Именските синтагми со неидентификуван референт во западното македонско наречје, семантика и форми, (коавторство со Зоран Радически), Научна дискусија, Семинар за македонски јазик, литература и култура, јули, 2011 Охрид.

            Санди во македонските дијалекти, Меѓународна конференција за фонетика и фонологија, Љубљана, Словенија 2012, 14-16 февруари.

            Евиденцијалните маркери во текстовите на Блаже Конески според материјалите во Гралис-корпусот, Poetic, stilistic und linguistic der texte von Blaze Koneski im „GRALIS-KORPUS“, Грац, 30 март-1 април  2012.

            Особености на некои лексички маркери за евиденцијалност во македонскиот и во албанскиот јазик, Меѓународна научна конференција во Охрид, 20-21 јуни, Охрид 2012 (коавторство со Зоран Радически).

Од фонетско-фонолошките особености во македонскиот и во словенечкиот јазик,  XV меѓународен славистички конгрес во Минск, Белорусија, 20-27.8. 2013.

Изразување на семантичката категорија адмиратив во албанскиот и во македонскиот јазик, Семинар за албански јазик, литература и култура, Тетово, 25-26 септември 2013.

Лексички паралели во хрватскиот и македонскиот јазик Хрватско-македонски книжевни и културни врски, Охрид 26-27 септември 2013. (коавторство со Лидија Тантуровска).

Македонските заемки во албанскиот јазик – споредба со материјалите од Франц Миклошич, Научна конференција, Ob dvestaletnici Franca Miklošiča (uredil Marko Jesenšek), Ljutomer 2013.

Согледувања за етимолошкиот речник на македонскиот јазик (врз примери од дијалектолошкиот материјал од Македонскиот дијалектен атлас), Денови на Благоја Корубин Лексикологијата и лескикографијата - мостови меѓу јазиците, 28 февруари-2 март 2014, Молика -  Пелистер, Битола.

 За некои морфосинтаксички промени во вратничко-полошките говори, Дијалекти српскога језика: истраживања, настава, књижевност, 11-12 април 2014 Лесковац, Република Србија.

Одржано предавање на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, со наслов: Македонските дијалекти пред и по кодификацијата на македонскиот јазик (Охрид, јуни 2014 година).

Функционалната стојност на глајдот /ј/ во современиот македонски јазик (коавторство со Катица Трајкова),  Методски и методолошки истражувања на фонетскиот и фонолошкиот систем на словенските јазици, 23-24.10.2014, Кошице, Република Словачка.

Денови на Благоја Корубин Јазичната слика на светот (23-24 април 2015, Скопје) со реферат на тема: Лексичка интерференција кај Македонците во јужен Банат (Република Србија) (коавторство со Станислав Станковиќ);

Македонско-полска научна конфереција која се одржа во Скопје на 26-27 мај 2015 год.) со реферат на тема: Македонско-полски паралели во фразеологијата (коавторство со Лилјана Гушевска);

Македонско-словачка научна конференција која се одржа во Скопје на 1-2 јули 2015 год.) со реферат на тема Фразеологијата како одраз на светогледот на словенските народи (коавторство со Лилјана Гушевска);

Меѓународна фонетска конференција Speech and Language, (V international conference on fundamental and applied aspects of speech and language) која се одржа на 17-18 октомври 2015 во Белград, Република Србија, со реферат на тема Pronunciation and phonological value of the sounds /Ќ/ and /Ѓ/ in the contemporary Macedonian language (коавторство со Блага Панева).

Српско-македонски културни врски: Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија (Битола, 30-31 октомври, 2015 год.) со реферат на тема За македонските дијалектни изолати во Банат & историја, демографија и фонетски карактеристики (коавторство со Станислав Станковиќ).

Специфики во изразувањето на негацијата во кичевскиот говор – споредба со другите западномакедонски говори, Денови на Благоја Корубин „Јазикот наш денешен- јазикот наш насушен“, 14-15 април 2016, Скопје.

Две предавања на XLIX меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на теми: 1) За кодификацијата на македонскиот јазик 2) За некои фонетски и морфосинтаксички особености на македонскиот стандарден јазик. Охрид (11-26 јуни), во деновите 20 и 21 јуни 2016.

Делото на Крсте Мисирков преку перото на Блаже Ристовски, Меѓународна научна конференција Мисирков – предизвик за нови проучувања во науката, Струмица, 2-3 ноември 2016 година.

Учество во манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како дел од организацискиот одбор за одбележување на граматиките на македонскиот јазик со наслов „Кон македонските граматики“ и излагање за Граматиката на македонскиот литературен јазик од Круме Кепески  на 4.11. 2016 година (Македонско село) од 11 часот.

Денови на Благоја Корубин Јазичната слика на светот (23-24 април 2015, Скопје) со реферат на тема: Лексичка интерференција кај Македонците во јужен Банат (Република Србија)

             

 

 

Промоции

 

1)                  Промотор на изданијата на Институтот за македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, јуни 2014 година.

2)                  Промотор на монографијата Беровскиот говор од Илија Бетински (организатор: Општина Берово и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“) Берово, јули 2014.

3)                  Промотор на книгата „Статии и анализи за македонскиот јазик“ од Круме Кепески во рамките на конференцијата „Денови на Благоја Корубин“, на 23 април 2015 година во ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје.

4)                  Промотор на Толковниот речник на македонскиот јазик под редакција на Снежана Велковска на 29 октомври 2015 година, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

5)                  Промотор и рецензент на Хрватско-македонскиот речник од авторките Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев-Оливер, а во издание на „Matica Makedonaca u Republici Hrvatskoj“, одржана во Загреб на 3.12. 2015 година во големата сала на Матица хрватска.

6)                  Промотор на книгата Народни песни од Малеш со историско-дијалектолошки преглед од Станко Костиќ (Костовски) во редакција на Илија Бетински Малеш, Берово 22.8. 2017.

 

 

Учество во рецензентски комисии

 

1)                  Член на рецензентски комисии за оцена и одбрана на магистерски труд за кандидатите  Душко Деспотовски и Влатко Симјановски 2014.

2)                  Член на рецензентски комисии за оцена и одбрана на магистерски труд за кандидатите  Даниела Такева и Гордана Ацевска 2015.

3)                  Член на рецензентска комисија за избор во звање за проф. д-р Виолета Николовска (со одлука бр. 1602-46/6 од 3.2. 2016) на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

4)                  Член на рецензентска комисија за оцена и одбрана на магистерски труд за кандидатката Даниела Филкова на Државниот универзитет во Тетово (со одлука бр. 18-207/6 од 19.11.2015; одржана одбрана на ден 26.2.2016 година во Тетово).

5)                  Член на рецензентска комисија за оцена и одбрана на магистерски труд за кандидатката Доца Цветковска на постдипломските студии Македонистика со комуникологија во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје во 2016 година во Скопје.

6)                  Рецензент за оценка на трудот Народни песни од Малеш со историско-дијалектолошки преглед од Станко Костиќ (Костовски) во редакција на Илија Бетински Малеш, отпечатен како издание на ИМЈ.