Krste-Misirkov

Снежана Петрова-Џамбазова




Датум и место на раѓање: 2.12.1972 г. Велес

Основното и средното образование го завршила во Велес. Дипломирала во 1996 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата: Македонски јазик со македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 1997 година работела како професор по македонски јазик во средното економско училиште „Јовче Тесличков“. Од 1998 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје како помлад асистент. Во 2005 година ја одбранила магистерската теза „Збороредот во рамките на именската група во прозата на Славко Јаневски“, а во 2016 г. докторската дисертација „Рекламата како текст (со посебен осврт на јазичните особености на телевизиската реклама)“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Трудови од областа на македонскиот јазик има објавувано во домашните списанија:

„Литературен збор“, „Македонски јазик“, „Македонистика“, „Велес“ и во меѓународното списание „Филолошки студии/ Filological studies“. Во 2007 година излезе од печат монографијата „Така се зборува во Велес“, чијашто приредувачка е таа. Во 2008 излезе од печат и магистерската теза, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје. Во 2008 г. ја објавила својата прва збирка поезија „Направете место“, а во 2012 г. уште две збирки: „Другарска азбука“ (поезија за деца) и „Постела за сонот“.

Од вработувањето досега има работено на следниве проекти:

- Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи (главен истражувач: д-р Снежана Велковска);

- Толковен речник на македонскиот јазик (главен истражувач: д-р Снежана Велковска);

- Речник на синонимите во македонскиот јазик (главен истражувач: д-р Симона Груевска-Маџоска)

- Речник на антонимите во македонскиот јазик (главен истражувач: д-р Лидија Тантуровска)

- Неколку статии од областа Македонски јазик:

- Интерференција во изразувањето на полот и на граматичкиот род во новинарските текстови на Интернет и во другите пишани медиуми – сп.

Филолошки студии/ Filological studies, 2012.

- Културната рамка на јазичниот израз во рекламните пораки - учество на меѓународниот научен сoбир Културна меморија, Скопје, 2013.

- Манипулацијата во јазикот / јазикот во манипулацијата - учество на меѓународониот научен собир: Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици; Скопје, 2013.

- Употребата на туѓите зборови во рекламните пораки - учество на Меѓународниот собир: Денови на Благоја Корубин, Скопје, 2014.

Има учествувано во организирањето на манифестацијата Денови на Благоја Корубин.