Eвалуацијата претставува процена на квалитетот на високото образование, која опфаќа голем број експлицитни процедури за проценување на институциите за високо образование, кадарот во нив и студиските програми според кои се одвива наставниот процес и процесот на високообразовните установи. Методологијата за извршување на евалуацијата се одвива по правилата усвоени во рамките на ЕУ. Во Република Македонија евалуацијата е предвидена како обврска опишана во Законот за високо образование (Службен весник на РМ, 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10 и 17/11). Таму со оваа постапка е предвидено оценување на квалитетот на вршење на високообразовната дејност, управувањето, финансирањето, академските и други активности. Овој процес предвидува надворешна евалуација и самоевалуација. Самоевалуацијата е законска обврска на високообразовната институција. За исполнување на оваа обврска, а според член 77 од Законот за високо образование, член 315 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму произлегува и обврската на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да ја следи оваа процедура и да изврши самоевалуација на постдипломските студии „Македонистика со комуникологија“.
Eвалуацијата претставува процена на квалитетот на високото образование, која опфаќа голем број експлицитни процедури за проценување на институциите за високо образование, кадарот во нив и студиските програми според кои се одвива наставниот процес и процесот на високообразовните установи. Методологијата за извршување на евалуацијата се одвива по правилата усвоени во рамките на ЕУ. Во Република Македонија евалуацијата е предвидена како обврска опишана во Законот за високо образование (Службен весник на РМ, 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10 и 17/11). Таму со оваа постапка е предвидено оценување на квалитетот на вршење на високообразовната дејност, управувањето, финансирањето, академските и други активности. Овој процес предвидува надворешна евалуација и самоевалуација. Самоевалуацијата е законска обврска на високообразовната институција. За исполнување на оваа обврска, а според член 77 од Законот за високо образование, член 315 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму произлегува и обврската на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да ја следи оваа процедура и да изврши самоевалуација на постдипломските студии „Македонистика со комуникологија“ .
 
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
по повод 60-годишнината од основањето
има чест да Ве покани на
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА
под покровителство на
Претседателот на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов
ПРОГРАМА
• Пригодно обраќање на проф. д-р Ѓорге Иванов
Претседател на Република Македонија
• Поздравни говори
• Излагање на проф. д-р Гоце Цветановски
в.д. директор на Институтот и
претседател на Организацискиот одбор
• Доделување награди и признанија
Свеченоста ќе се одржи на 20 ноември (среда) 2013 год., со почеток во 12 часот, во
просториите на Институтот за македонски јазик
DSC_0122

 

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод шеесетгодишнината од своето постоење, во 2013 година доби Повелба од претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за постигнатите резултати во својата долгогодишна научноистражувачка дејност на полето на сестраното проучување и за негувањето на македонскиот јазик

 

Погледнете ја локацијата на Институтот за македонски јазик

 

 
Распишан е конкурсот за втор циклус студии „Македонистика со комуникологија“ во рамките на конкурсот на Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Конкурсот можете да го отворите овде(и тука треба да е закачен документот на конкурсот: 178_konkurs ...)   или на следнава веб-страница (оквирот избришете го)
Распишан е конкурсот за втор циклус студии „Македонистика со комуникологија“ во рамките на конкурсот на Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Конкурсот можете да го отворите овде или на следнава веб-страница http://www.ukim.edu.mк
 
Почитувани,
Ве информираме дека Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје го распиша Конкурсот за втор циклус студии за учебната 2013/2014 година. Потребните информации во врска со Конкурсот можете да ги добиете на следниов линк:

За подетални информации за нашите постдипломски студии „Македонистика со комуникологија“, обратете се во Институтот за македонски јазик на телефонскиот број: 02 3 114 733. Лице за контакт: Марија Ѓошова, секретар во ИМЈ
 
Лидија Тантуровска, Јазичен бележник, Едиција во чест на Благоја Корубин „Јазикот наш денешен“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. 22, Скопје 2013, 248 стр.
Трудот „Јазичен бележник“ содржи дваесет и два јазични прилози од областа на  современиот македонски јазик во јавната употреба, во кои се анализирани и систематизирани многубројни релевантни и актуелни податоци.
Обработката на темите од областа на нормата и на практичната проблематика на македонскиот современ јазичен израз претставува продолжение на традицијата на разработка на јазичните прашања во духот на Благоја Корубин.
Книгата содржи статии, кои можат да ги групираат тематски во три целини, од кои втората и третата имаат заеднички именител  практиката.
1. Според предметот на статиите, во првата целина се вклучени статиите што ги третираат актуелните состојби во македонскиот јазик (како што впрочем е насловена и една статија), како  што се: стандардизацијата на географските имиња во Република Македонија, употребата на кирилицата, јазикот во предучилишната лектира, методските единици во кои се застапени историскиот развој и кодификацијата на македонскиот јазик, местото и улогата на некои јазични појави во мас-медиумите, обраќањето и политичките промени, третманот на две групи зборови во „Толковниот речник“. Од темите се гледа дека се опфатени различни сфери на употреба на современиот македонски јазик секогаш во релација со неговата норма.
2. Втората целина содржи статии што обработуваат конкретни прашања, кои се врзани со практиката. Вклучени се поголеми и помали прилози во кои се расветлуваат јазични дилеми, се даваат решенија, се укажува на некои недоследности итн., секогаш во релација со норамата на македонскиот јазик. Во ова група се вклучени оние што се однесуваат на употребата на интерпункцисите знаци во насловите од печатените медиуми, на скратениците, на кратките пораки, потоа оние во кои се зборува за глаголите опушти, опушти се, за сложенката земја-членка, за старите и новите значења на лексемата академија и за именување на образовните институции во Република Македонија, за фразеологизмот Без влакно на јазикот, за општењето меѓу продавачите и купувачите, како и прилозите „Да не се срамиме од лекар“ и „Каде е достоинството на професијата“, во кои се чувствува и психосоциолингвистички приод на јазичните проблеми во практиката.
3. Во третата група се статии на граматички теми, кај кои, исто така, се поаѓа од практиката: „Предлогот на во индиректниот објект во македонскиот јазик“ и „Можни кратки личнозаменски форми при удвојување со тривалентните глаголи“.
   Лидија Тантуровска, Јазичен бележник, Едиција во чест на Благоја Корубин „Јазикот наш денешен“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. 22, Скопје 2013, 248 стр.
 
Повеќе...
 

Веселинка Лаброска, Убавка Гајдова, Светлана Давкова-Ѓоргиева, Гоце Цветановски, Дарко Томовски, Вратничко-полошките говори & духовна ризница, Посебни изданија, главен уредник Веселинка Лаброска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. 74, Скопје 2012

Повеќе...
 


За изданијата

Несомнено, новите изданија од областа на македонистиката ќе придонесат за натамошни проучувања на македонскиот јазик од различни аспекти, како и за негово вклучување во пошироки славистички и балканистички истражувања

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 год., со цел сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област и да се грижи за усовршување на научните и на стручните работници во него. Основните насоки по кои би се одвивала дејноста на Институтот биле зацртани преку пет одделенија и тоа: одделение за историја на македонскиот јазик, одделение за современ македонски јазик, одделение за дијалектологија, одделение за лексикологија и лексикографија и одделение за ономастика... [повеќе]
Адреса:Григор Прличев 5, 1000 Скопје
Телефон: +389 (2)2 3114-733
Факс : +389 (2)2 3222-225